Прес-конференција, Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ:
По огормниот скандал Владата на Христијан Мицкоски мора веднаш да ја разреши в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов.
Тоа е основен услов за целосно и непристрасно процесирање на предметот од Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами.
Како што јавно објавивме, ОЛАФ наведува злоупотреби во вредност од милиони евра, европски пари.
Во извештајот на ОЛАФ, којшто е јавно објавен, постојат сомнежи дека во периодот кога Михајлов била одговорно лице за евалуаторите, преку вмрежени лица и фирми се злоупотребени над 2 милиони евра.
Иако извештајот е доставен во 2023 година, до ден-денес нема обвинителен акт.
Клучното прашање е дали со назначувањето на Михајлов власта има за цел да ја блокира и влијае на истрагата на ОЈО и ОЛАФ?
Дополнително, веќе објавивме информации од свиркачи за тоа како се доделени преку 8 милиони евра на фирми под крајно сомнителни околности кои мора да се истражат.
Сомнително е и самото поништување на претходниот конкурс кој бил стопиран за да се назначи в.д по мерка на власта.
Владата молчи на прашања зошто изборот е направен без согласност Европската унија и на овој начин?
Очигледно заштитита на своите партиски и бизнис интереси за власта е најважно.
Почитувани,
Ова е голем скандал кој мора да биде расчистен.
Европските пари наменети за младите, образованието и развојот не смеат да бидат извор за партиски профит и корупција.
Бараме:
-Владата да ја разреши в.д. директорката Ана Михајлов.
-Итно постапување на Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ и процесуирање на сите инволвирани лица.
Одговорност мора да има – веднаш и без одложување.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...