5. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ИМА ОСВЕЖУВАЊЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во почетокот на новата седмица.

Прогноза за 15.08.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 16.08.2025
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 31°C до 39°C

Сончево и топло со умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 17.08.2025
Минимална температура: 9°C до 19°C
Максимална температура: 32°C до 38°C

Сончево и топло со умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Ужас во Скопје: Прегазени две малолетни девојчиња, итно пренесени во болница

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори изберете 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за напредок и развој на Македонија

C +

СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

C +