13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Миле Лефков со уште една прес конференција на истата тема: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Прес конференција на Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ, пратеник од Кочани:

Почитувани,Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Венко Филипче да не се крие и да одговори, дали јахтата со која крстари по Егејското море е на Заев и е од марката Рива? Дали истата ја купил 850.000 евра?

И на која фирма ја регистрирал?Венко Филипче да го праша Заев како е купена јахтата, и дали се употребени пари од државни тендери?

Венко Филипче да им каже и на неговите во партија дека додека тие држат пресконференции за сиромаштија, тој ужива во раскошот на најдобрите пловила на светот, што ретко кој претприемач и бизнисмен од Македонија и регионот може да си го дозволи, а за лекар воопшто не станува збор.

Безпредметно е лицемерието и обидите на лажното душегрижништво од СДС кога нивниот сегашен и поранешен претседател за неколку часа пловење со јахтата трошат една просечна плата само за гориво.

И кога следен пат од СДС ќе се загрижат за народот или ќе лажат како тешко се живее нека му се јават на Филипче да го прашаат каде е, да не излезе некоја слика од фотографија од приватен авион.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Паника поради падот од 130.000 гласа

ДЕСК

Судот оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

ДЕСК

Повеќемина повредени во тешка сообраќајка кај Меџитлија, откако форд излетал од патот

ДЕСК