Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Модернизацијата и развојот на македонското здравство останува главен фокус на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За таа цел од Буџетот се одвојуваат рекордни средства кои се претвораат во вистински дела и проекти.
Целосно е реновирано болничкото одделение во Клиниката за урологија со вкупна инвестиција од 300 илјади евра.
Ова реконструкција е дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и унапредување на здравствените услуги, условите за работа за медицинскиот персонал и достојни услови за пациентите.
Просториите во клиниката се целосно трансформирани во современи болнички соби, уредени како апартмани. Секоја соба е опремена со нови болнички кревети, ЛЦД телевизори, нови тоалети, клима-уреди и бактериолошки прочистувачи на воздух.
Климатизацијата на целиот простор создава значително подобри и похумани услови за пациентите, особено во текот на летните месеци кога температурите се високи, а болничкиот престој може да биде непријатен.
Ова инвестиција е потврда и чекор поблиски кон стремежите на Владата за подобрување на условите за работа, унапредување на медицинските услуги и подигнување на квалитетот на грижата за пациентите.
Интензивните вложувања на Владата во здравството не застануваат тука, во периодот којшто следи инвестициите ќе продолжат со иста и позасилена динамика.
Дел од позначајните крупни проекти кои ќе се реализираат, со цел трансформација и модернизација на здравството, е завршување на изградбата на Клиничката болница заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип, изградбата на целосно нова болницата во Кичево заедно со Здравствениот дом, како и реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово.
На овој начин ќе се создадат достојни европски стандарди за работа на лекарите и здравствениот персонал, како и квалитетни здравствени услуги и нега за пациентите.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...