2. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер

Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Нашиот придонес за државата, додаде тој, резултира со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, членство во НАТО и почнување на преговорите за членство во Европската Унија.

„Од сите овие и многу други достигнувања победи нашата заедничка држава, а никој не загуби. Сите достигнувања во изминатите 24 години ги направивме заедно, како со ВМРО и со СДСМ, така и со нашите меѓународни пријатели. Овие достигнувања се самата држава, тие се темелот на стабилноста, безбедноста и иднината на нашата земја“, рече Ахмети.

Затоа, додаде тој, ревизија на заедничките достигнувања не ни е дозволена нам кои сме автори, потписници и спроведувачи на Охридскиот договор.

„Мора да предводиме со државничка одговорност, како државотворни партии, без краткорочни и опасни популистички и изборни калкулации. Во меѓувреме, на оние што ја учеа историјата од телевизиските екрани, кои немаат никаков придонес за националните достигнувања и за процесите и кои никогаш не ја добија довербата на народот, туку беа избрани од други да им служат, им велам: Храброста по војна и мудроста по говорот – не вредат“, рече Ахмети./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче и СДС во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

Костова: Бројот на работници во индустријата намален за 2,6% – лоши политики на Мицкоски и ДПМНЕ

C +

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97% од нив добија само 1.000 денари

C +