6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

Соопштение на ЗНМ:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради начинoт на постапување на полициски службеници кон новинари од пелагонискиот регион.

Случајот за кој веќе испративме официјален допис до Министерството за внатрешни работи, се однесува на известување за разрешувањето на директорка на училиште во Демир Хисар, кога полициски службеници им пристапиле на новинарите додека тие известувале од настан од висок јавен интерес, барајќи нивно легитимирање, иако било очигледно дека се работи за медиумски работници со професионална опрема. Настанот се случил на јавна површина – двор на училиште. Сметаме дека вакви ситуации може да се протолкуваат како обид за вршење притисок врз новинарите, што е недозволиво мешање во нивната работа и нарушување на медиумските слободи.

Во дописот до МВР бараме итна и сеопфатна проверка на околностите, утврдување на законската основа за ваквиот вид постапување и одговорност доколку се потврди дека полициските службеници ги пречекориле своите овластувања. Очекуваме МВР и Секторот за внатрешна контрола во најкус можен рок да информира за утврдените околности и доколку се потврди прекршување на овластувањата, да преземе соодветни мерки против одговорните службеници.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ КОЈ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО МИЦКОСКИ: Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава!

ДЕСК

Исчезнаа неколку лица од Скопје во различни случаи – Полицијата трага по нив

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЗНАЧИТЕЛНО СЕ МЕНУВА, СИНОПТИЧАРИТЕ СО НАЈНОВА ПРОГНОЗА – Детални податоци за следните 4 дена

ДЕСК