6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар.

Ова се случува откако на 8 август вечерта, полицијата изврши претрес во нејзиниот дом барајќи го печатот од училиштето. Во тоа време, Лозановска беше на боледување. Полицискиот началник изјави дека ќе ја однесе на разговор дури и со носилки, иако налогот важел само за претрес, а не и за лишување од слобода. Министерството за внатрешни работи покрена дисциплинска постапка против началникот.

Градоначалникот, претходно, ја разреши Лозановска по налог на Просветниот инспекторат, поради утврдени неправилности во работењето. Од МВР соопштија дека против Лозановска имало пријава и постоеле основи за сомневање за кривично дело „одземање печат и службени документи“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка во Скопје – има повреден

ДЕСК

Полицијата во акција: Апсења низ Скопје

ДЕСК

Добра вест: Маж кој исчезна во Скопје пронајден од страна на полициски службеници

ДЕСК