13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Издвоивме 170 милиони денари за инвертер клими за ранливите семејства

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во моментот е активен огласот за аплицирање за инвертер клими за што се издвоени 170 милиони денари.

„Да, токму така. И таа политика паралелно ја туркаме. Огласот е објавен, трае 60 дена, отприлика 170 милиони денари се обезбедени за оваа намена. Може сите оние кои ги исполнуваат условите да се пријават на овој оглас, станува збор за клима уреди од класата А+ со инсталирана моќност од 3,5kW. И цениме дека на овој начин ќе придонесеме да тие семејства имаат подобар комфор во својот дом, како во лето, така и во зима. И да се обидеме да интервенираме во делот на заштита на животната средина и намалување на загадувањето, посебно во периодот кога ги затоплуваат своите домови“, рече премиерот Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето во Тетово

ДЕСК

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

ДЕСК

ЧУВАЈТЕ СЕ: Продолжуваат пеколните температури и следните денови – Метеоцентар со детална прогноза за неделава

ДЕСК