6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во првите 6 месеци извозот расте повеќе од увозот- очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит

„Во првите шест месеци после долго време извозот повеќе расте во однос на увозот.“, посочи премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Петровец, каде имаше увид во изведбата на повеќе општински проекти.

„После долго време, во првите шест месеци извозот расте повеќе во однос на увозот. Извозот беше 2,9% зголемен во првите 6 месеци споредено со минатата година, а увозот 2,3 или 2,4% во истиот период.

За прв пат после долго време се случува да се намалува трговскиот дефицит со странство, и тоа во услови кога автомобилската индустрија е во таква состојба каква што е, а нашата извозна компонента најмногу отпаѓа на автомобилската индустрија.

Очекувам и во периодот што следи таквата економска активност да продолжи.“, посочи премиерот Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка во Скопје – има повреден

ДЕСК

Полицијата во акција: Апсења низ Скопје

ДЕСК

Пензионерите се офајдија со покачување од 1000 денари на пензиите, но се незадоволни од ценовните шокови

ДЕСК