11. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Ветуваа албанска банка, а носат српска банка

Соопштение на ДУИ:

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за забрзувањето на продорот на „Српскиот свет“ во Северна Македонија, кој по Српски Телеком, сега силно навлегува и во банкарскиот сектор преку „Алта Банка“. Ова не е обична финансиска инвестиција, туку структуриранa политичкa и економскa операција на Белград за обезбедување стратешка контрола врз клучните институции на државата, со активна вклученост на владините партнери, вклучувајќи го и ВРЕДИ.

Извори од Народната банка информираат дека управувањето со „Алта Банка“ во Македонија се очекува да го преземе поранешната членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна вицегувернерка, Маја Кадиевска Војновиќ, блиска соработничка на премиерот во областа на економијата. Нејзиното назначување е резултат на личното лобирање на Мицкоски кај Александар Вучиќ, со што банката директно се поврзува со политичките структури на Србија.

Според внатрешни извори, една од причините за именувањето на Трајко Славевски за гувернер била токму неговото ветување дека ќе ги отстрани сите пречки за влез на „Алта Банка“ на домашниот пазар, и покрај предупредувањата на професионалците во Народната банка за ризиците што тоа ги носи за финансискиот углед на државата во очите на европските авторитети.

Оваа интервенција е дел од истата стратегија која ДУИ ја има јавно осудено: приоретизирање на врските со Белград и источниот блок, посетите на личности со проруски ставови како Милорад Додик, промовирање на Kоридорот 10 наместо Kоридорот 8, вклучување на српски верски претставници во државни активности и донациите со српско потекло во државата. Сега, со заземањето на банкарскиот сектор, „Српскиот свет“ ќе има можност да ги финансира бизнисите блиски до власта, вовлекувајќи ги во уште поголеми корупциски шеми и правејќи ги зависни од интересите на Белград.

Институциите кои треба да ја штитат националната безбедност молчат или се дел од овој процес. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, кои треба да алармираат за ризиците, се претворени во инертни или политички контролирани структури. Претседателката и нејзиниот кабинет, наместо да го штитат државниот интерес, минимизираат или шират лажни вести за да ја прикријат вистинската природа на оваа операција.

ДУИ повторно потврдува дека Северна Македонија не смее да дозволи стратешките сектори на државата да станат сопственост на „Српскиот свет“ и неговите дестабилизирачки интереси. Нашиот финансиски интегритет и евроатлантската ориентација не се преговарат. Молчењето пред оваа агенда значи соучесништво, а граѓаните ќе ги држат одговорни оние што ја продаваат иднината на државата за теснопартиски и финансиски интереси. Октомври доаѓа, и граѓаните на референдум ќе му се спротивстават на „Српскиот свет“ и неговите слуги.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес ја стресе Македонија: Позната јачината и епицентарот

ДЕСК

Мицкоски: Во првите 6 месеци извозот расте повеќе од увозот- очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит

ДЕСК

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба- Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

ДЕСК