10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / фото J.S. images (c)
-МАКЕДОНИЈА

Две тешки сообраќајки во Радовиш

На 08.08.2025 околу 19:50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(22) од с.Ињево, радовишко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Т.З.(22) од с.Ињево, радовишко, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

На 08.08.2025 во 12:50 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека во с.Ораовица, радовишко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(23) од с.Ораовица и електричен тротинет, управуван од малолетничка од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

“ПАДНА” НАЧАЛНИКОТ КОЈ САКАШЕ НА НОСИЛКИ ДА НОСИ БОЛНА ЖЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – Внатрешна контрола откри непрофесионалност, ќе биде разрешен

ДЕСК

Николовски: Политиките на ДПМНЕ го клекнаа земјоделството на колена, СДСМ обезбедуваше реална поддршка за земјоделците

ДЕСК

Трагедија: Пронајден починат 45. годишен скопјанец во куќа во гевгелиско

ДЕСК