Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Сојузот на борците со остро писмо: Владата да ја повлече одлуката за училиште со име на профашистички колаборационист

Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи жестоко реагираат на одлуката на Владата да даде согласност за формирање основно училиште во општина Студеничани кое ќе го носи името на профашистичкиот колаборационист и балист Азем Морани.

Во отвореното писмо до Владата, Главниот одбор на Сојузот предупредува дека оваа одлука претставува опасен преседан кој поттикнува историски ревизионизам и директно ги подрива асномските темели на Македонија како антифашистичка држава.

„Недозволиво е, во време на постојани обиди за релативизација на историските вистини однадвор, истото да си го правиме и одвнатре. Азем Морани е осуден во 1947 година за профашистички, балистички и колаборационистички активности за време и по Втората светска војна, насочени против македонската држава и против слободите и правата на сите граѓани,“ наведуваат од Сојузот.

Тие потсетуваат дека училиштата се центри на воспитно-образовниот процес и мора да ги пренесуваат на младите генерации вистинските вредности – антифашизам, космополитизам и човечност, а не имиња кои го величаат предавството и соработката со фашистички режими.

Сојузот бара Владата итно да ја преиспита и повлече оваа одлука, со јасна порака дека Македонија останува на страната на антифашистичките идеали и историската вистина.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.