13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото Министерството за здравство
-МАКЕДОНИЈА

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

Во рок од само 45 дена и за рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем.

До овој момент, во рамките на процесот се спроведени над 1.700 тестирања.

„Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои со години немаа сигурност, здравствено осигурување, формален работен однос и беа под континуиран стрес. Сега, со овој чекор, добија достоинствено место во системот“, рече министерот Алиу.

Со оваа кадровска стабилизација, Министерството за здравство испраќа силна порака за континуирана грижа и вложување во човечкиот капитал, како предуслов за подобри здравствени услуги за сите граѓани.

Фото Министерството за здравство

Можеби ќе ве интересира

Царинска управа: На Ќафасан откриена пастрмка скриена во автомобил – во 2025 спречен шверц на вкупно 4 тони храна

ДЕСК

Мицкоски: Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат на дијалог, на компромис и заедништво

ДЕСК

ЖЕГА: Како да се заштитиме од пеколните горештини кои деновиве ќе достигнат и над 40°C

ДЕСК