Centar.mk
фото Царина
МАКЕДОНИЈА

Царинска управа: На Ќафасан откриена пастрмка скриена во автомобил – во 2025 спречен шверц на вкупно 4 тони храна

Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук. Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во во просторот за резервна гума. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, тој одговорил дека нема, но при детална контрола се пронајдени шест кеси со риба.

Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело да нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи од надлежни институции.

Царинската управа ќе продолжи да делува во насока на заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните при што укажува дека секој обид за прекршување на законот ќе биде најстрого санкциониран.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

ДЕСК

СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СО РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ – Буџетот за 2026 повторно пред пратениците

ДЕСК

НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Од денеска ограничувања кај Пресека и Песочан

ДЕСК