7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин се сретна со Виткоф

Рускиот претседател Владимир Путин денес го прими специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф.

Средбата се одржува во Кремљ, соопшти прес-службата на рускиот претседател, пренесува ТАСС.

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф, денес пристигна во Москва, каде што го пречека генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RFDIF), Кирил Дмитриев, по што го посетија паркот „Зарјадје“ во Москва.

Двајцата функционери поминаа речиси еден и пол час во ресторанот по што прошетаа во паркот, ја посетија платформата за набљудување и ја разгледаа панорамата на Москва, пренесува „РИА новости“.

Според извештајот, тие разговарале во пријателска атмосфера, со присуство на обезбедување.
Виткоф не одговори на прашањата на новинарите за претстојните преговори, ниту за планираните средби.

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, потврди дека Виткоф ќе ја посети Русија, но не коментира конкретни детали од посетата.

Ова е петта посета на Виткоф на Русија од почетокот на годината.

Последните две посети беа на 11 и 25 април кога се сретна со рускиот претседател, Владимир Путин./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Украина останува без гас? – Алармантни податоци

ДЕСК

Договорено примирје: Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за решавање на граничните тензии

C +

Планирале државен удар во Германија: под истрага неколку лица

C +