7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое моментално ја издржува затворската казна.

Настанот се реализира под покровителство на директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката, Наташа Лазарова Донева, како дел од заложбите за почитување на човековите права и обезбедување правна сигурност за сите, без исклучок, соопшти Управата за извршување санкции.

Со оваа регистрација, лицето се стекна со правен идентитет – важен предуслов за пристап до здравствена, образовна и социјална заштита, но и чекор напред кон успешна ресоцијализација.

Од Управата додаваат дека ваквиот чин е резултат на добра координација меѓу затворската управа, стручните служби и релевантните институции, и покажува дека и во пенитенцијарниот систем постои волја за хуманост, инклузивност и правичност./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Од 499 пријавени на обука за пожарникари се појавиле 364 – Стојанче Ангелов со детали

ДЕСК

Петра Лукароска: Четиригодишно назадување на секое поле – ниту со 100 милиони евра Јовчески и ДПМНЕ не го заживеаја Прилеп

ДЕСК

Македонија завиена во црно: Во страотна сообраќајка на новиот пат, загинаа маж и жена од Делчево

ДЕСК