Centar.mk
МОЗАИК

(Видео) Свештеник излезе од црквата и со молитвеник застана до „ауди“ – виралното видео го насмеа регионот

Видео, наводно снимено пред Руската православна црква во Софија, неодамна се појави на социјалните мрежи и брзо стана вирално.

Во преден план е свештеник кој стои пред Ауди со крената хауба, а сцената заинтригира и насмеа многу гледачи во регионот.

На профилот „Икс“, една жена наведува: „Во срцето на Софија стои Руската црква, изградена во 1914 година, со златни куполи и тивок шарм. Денес, тоа е и местото каде што возачите на Ауди доаѓаат да ги осветат своите автомобили, надевајќи се дека светата вода ќе го реши она што еден механичар не може“.

Популарниот портал „господари.ком“, исто така, известува за виралното видео и пишува: „Се чини дека само во Бугарија сè треба да се освети, од станови до ресторани до автомобили“.

Свештеник во црна мантија стои пред автомобил, со отворена молитвеник, додека маж е до него. Не е познато дали е тоа сопственикот на возилото./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ЧОВЕШТВОТО – „Војаџер 1“ на оддалеченост од еден светлосен ден од Земјата

ДЕСК

ХОРОСКОП ЗА 19 НОЕМВРИ – Еден знак ќе добие неочекувана вест, друг ќе се соочи со важна одлука, а за некого следува љубовен пресврт

ДЕСК

Објавена е листата на најстресни градови во светот

ДЕСК