4. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Нападнавме аеродром на Крим, штетата се мери во десетици милиони долари

Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека извршила напад врз руската воена база Саки на Крим, при што, според нивните тврдења, целосно бил уништен еден борбен авион од типот Су-30М, а биле оштетени уште четири бомбардери од типот Су-24.

Според соопштението на СБУ објавено на Телеграм, погодено било и руско складиште за авионско вооружување. Вкупната проценета штета за руската страна, според нив, изнесува десетици милиони долари.

„Успешната специјална операција на СБУ во Саки е уште еден чекор кон ослабување на способноста на непријателот да води агресивна војна против Украина. Окупаторите мора да знаат дека никогаш нема да се чувствуваат безбедно на нашата земја!“, се вели во соопштението на СБУ.

Аеродромот Саки се наоѓа во западниот дел на Крим, кој е под руска окупација од 2014 година, и често служи како база за воздушни напади врз украинска територија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Драма во небото: птица го скрши носот на авион, принудно слета во Мадрид

C +

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Зеленски

C +

Русија и Кина одржуваат воени вежби во морето крај Јапонија

C +