Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Андоновски и Јанчев го означија почетокот на работата на новиот Центар за услуги во Кавадарци

Денес, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, официјално го означија почетокот на работата на новиот Центар за услуги, наменет за граѓаните на Кавадарци и околните населени места.

„Овој центар е еден од петте нови што ги ветивме на почетокот на оваа година, и сега тие ветувања стануваат реалност. Со неговото отворање, граѓаните на Кавадарци и околината ќе можат да ги користат сите административни услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk, со посредништво од вработените во Министерството за дигитална трансформација“, изјави Андоновски.

Министерот додаде дека само во месец јули бројот на користени услуги преку посредници е значително зголемен во споредба со истиот период минатата година, што, како што истакна, е јасен показател за растечкиот интерес и потребата од овие центри.

„Граѓаните во јули покажаа колку се важни новите Центри за услуги – бројот на услуги преку посредници е за 70% повисок од просекот во 2024 година“, додаде Андоновски.
Тој изрази и задоволство од напредокот во дигитализацијата на јавните услуги и зголемената употреба на националниот портал uslugi.gov.mk.

„Вкупниот број на месечни трансакции на порталот надмина 7.000, што е зголемување од 53% во однос на просекот за 2024 година“, нагласи министерот.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, се заблагодари на Министерството за дигитална трансформација за отварањето на новиот Центар за услуги, кој, според него, ќе им овозможи на граѓаните полесен и побрз пристап до административните услуги, без потреба од патување до главниот град.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Стар рецепт на Груевци, кога не оди објави анкета, туку што вели анкетата за бомбите?

ДЕСК

Инцидент во двор на куќа во Скопје: Жена нападната со тврди предмети од малолетници

ДЕСК

Големо апсење на граница кај Белановце – Падна бегалец од правдата баран од Интерпол

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.