Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СВР Куманово го расчисти случајот со пукањето на семејна веселба во Куманово, кој беше споделен на социјални мрежи, извршен е претрес и приведени се две лица

На 31.07.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода лицата на возраст од 30 и 25 години, двајцата од Куманово.

Постапувајќи по претходна пријава дека имало пукање од огнено оружје на семејна веселба во Куманово, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во нивниот дом, при што биле пронајдени и одземени два пиштоли, за кои постои сомнение дека со нив пукале на веселбата.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови, тврди СДСМ

ДЕСК

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК