Centar.mk
copyright J.S.
-БИЗНИС

Бројот на работниците во индустријата е намален за 4.0% во јуни 2025 во однос на јуни 2024 година

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил за 2.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4 %, информира Државниот Завод за Статистика.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални производи за 9.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.2 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 11.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на периодот јануари – јуни 2024 година, се намалил за 4.1 %.

Главни поенти
Бројот на работниците во индустријата во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил за:

2.5 % кај рударство и вадење на камен
4.3 % кај преработувачка индустрија
1.4 % кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Можеби ќе ве интересира

Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија дебата за иднината на бизнисот

C +

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

C +

Global Engineer Girls North Macedonia дел од средбата на девојки-инженери од осум држави

C +