Centar.mk
СВЕТ

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.

На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.

Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Туристите во САД наскоро при влегување ќе доставуваат информации за нивните социјални мрежи

C +

Земјоделците низ цела Грција ги засилуваат блокадите

C +

Поранешен советник на Пентагон: Време е Зеленски да избега во Израел

C +
error: Соддржината е заштитена.