Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Главен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е реализација капитални и инфраструктурни проекти насекаде низ државата.
Инвестициите во патната, комуналната и урбаната инфраструктура се од голема важност, и имаат за цел да обезбедат побрз економски раст, подобра поврзаност и повисок квалитет на животот на граѓаните.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата од програмата. Едно од ветувањата во програмата уште од 2021 година е и нов булевар во Гевгелија.
Се пушти во употреба капиталниот проект-улицата „Свети Климент Охридски“, во вредност од 2 милиони евра, обиколница која претставува нов современ западен булевар и е директна врска за сообраќајниот и економскиот живот на Гевгелија.
Во Гевгелија истовремено се работи и на повеќе инфраструктурни проекти што ќе придонесат за развојот на општината.
Во тек е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од Булеварот „Гевгелија“, заедно со натпатникот на улицата „Железничка“ и железничката пруга, проект во вредност од над 25 милиони денари.
Во завршна фаза е и изградбата на кружната крстосница на влезот во Гевгелија, со нов мост над каналот „Рауљ“, како и дислокација на дел од каналот под крстосницата, проект вреден повеќе од 27 милиони денари.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции со цел модернизација и економски развој на државата.
фото Министерство за транспорт
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...