Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
Uncategorized

Лишен од слобода возач во Неготино, возел со брзина од 106 км/ч на место каде е дозволена брзина од 50 км/ч, а бил и под дејство на алкохол

На 25.07.2025 во 19.05 часот на бул. „Маршал Тито“ во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишено лице(21) од Неготино, затоа што при радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „бмв“ со неготински регистарски таблици, со брзина од 106 км/ч на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 км/ч во населено место.

Исто така, при извршеното алкотестирање утврдено е дека има 0.78 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Прво направил сообраќајка во алкохолизирана состојба, па потоа во болница ги нападнал полицајците

ДЕСК

Страотен пожар во Кочани: 9 лица завршија во болница

ДЕСК

Денеска е голем празник: Светата великомаченичка Недела

ДЕСК