Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апасиев поднесе тужба за Гаши за поништување на надзорната расправа за Кочани

Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера поднесе тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија и претседателот на парламентот, Африм Гаши. Повод за судската постапка според Апасиев е неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, која требаше да се одржи на 8 јули годинава, на Петтата седница на Комисијата.

Како што претходно информираа Апасиев и Левица расправата била легитимно закажана согласно Деловникот, откако на претходната (четврта) седница, по бојкотот од пратениците на владејачката коалиција ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, преостанатите членови на Комисијата, со кворум од 1/3, го изгласале одржувањето на расправата. Тема на истата требало да бидат пропустите на државните институции кои придонеле за трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 март годинава животите ги загубија повеќе млади лица.

Сепак, со интерен допис, спикерот Гаши, како што претходно наведе Апасиев, прекршувајќи го Законот за Собранието и без правна основа, самоволно ја поништил Поканата за расправата. Апасиев тврди дека оваа постапка е дел од поширока шема за прикривање одговорност за трагедијата во Кочани и обид на власта да ја избегне транспарентноста и јавната одговорност.„Се прави сè за Кочани да не се спомне во Собранието. Се штитат началници, инспектори, дилери, политичари…, мафијашки шеми што допираат до самиот врв на власта. Ова е уште еден нехуман и очаен обид да се купи време и да се амортизира народниот гнев“, велат од Левица.
Левица, како што најави пред дваесетина дена, вчера ја започна правната битка, а освен тужба за Собранието и спикерот Гаши имаа најавено и претставка до Уставниот суд, како и нова интерпелација за Гаши заради неговото, како што го нарекуваат, „самовластие“.

Апасиев порачува дека нема да дозволи темата Кочани да се потисне во тишина и најавува дека ќе ги искористи сите институционални механизми за да ја истера вистината до крај.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК