Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: Владата му отвора врата на корупцијата со незаконскиот меморандум за гасификација на државата

Соопштенија на Алијанса за Албанците:

Алијанса за Албанците остро го осудува одлуката на Владата за потпишување на меморандум за соработка со „Казанджи Холдинг“, чие подружничко претпријатие, „АКСА Енерџи“, е предмет на истраги за корупција во Гана. Овој потег претставува сериозно прекршување на Законот за енергетика и голем ризик за енергетската иднина и јавниот интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.

Наместо да спроведе транспарентна и конкурентна тендерска постапка, како што јасно е предвидено во членот 94 од Законот за енергетика, Владата одлучува да склучува договори на таен и сомнителен начин, без никаква длабинска анализа за економските, еколошките и општествените последици.

Оваа мрачна практика ги зголемува сомнежите дека партиските и личните интереси се ставаат над јавниот интерес, додека граѓаните ќе бидат тие што ќе ја платат цената за проект што е спротивен на стратешката насока на земјите од ЕУ. Додека земјите членки на Европската Унија се оддалечуваат од природниот гас, Владата гради нови дистрибутивни мрежи за енергенс што е поскап и поштетен за климата и за семејниот буџет.

Прашањата на кои Владата треба да одговори се:
• Зошто се прекршува Законот за енергетика и се заобиколува законската постапка за избор на партнер?
• Дали е направена анализа за реалните потреби од гасификација и трошоците за граѓаните?
• Дали постои стратегија за развој на енергетскиот сектор за наредните 20 години, како што е законска обврска?
• Какви гаранции му се дадени на странскиот инвеститор за да биде „убеден“ да инвестира 1 милијарда евра?
Партнерството со компанија вмешана во меѓународни корупциски афери е аларм за организирана корупција на високо владино ниво и бара итна истрага од надлежните институции, вклучувајќи го Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Алијансата за Албанците бара итно поништување на меморандумот, враќање во законски рамки и отворање на јавна дебата за енергетската безбедност и долгорочната насока на енергетските политики во земјата.

Ниту еден договор склучен зад затворени врати на Владата не може да биде во корист на граѓаните. Транспарентноста е првиот услов за одржлив развој и борба против корупцијата.

Можеби ќе ве интересира

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК

Драма во Карпош рано утрово: Скопјанец претепан од неколку лица, полицијата истражува кои се тие

ДЕСК