11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Левица: Стручноста да биде единствен критериум за вработување – Власта го одби амандманот и го избра балансерот

Соопштение на Левица

Пратеничката група на Левица поднесе неколку амандмани кон Предлог-законот за внатрешни работи, меѓу кои и амандман со кој се предлагаше укинување на балансерот како критериум при вработувања и унапредувања во Министерството, со цел воспоставување на систем заснован исклучиво на стручност, компетентност и интегритет.

Амандманот, кој го образложи пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, предвидуваше етничката припадност да не биде предуслов за влез и напредување во институциите, особено во МВР – како клучна, сензитивна, безбедносна институција, каде што критериумите треба да бидат исклучиво базирани на нивото ма професионалност:

„Ние со овој амандман предвидуваме при вработување и унапредување во Министерството да не постои никаков друг критериум освен стручност, компетентност и интегритет на кандидатот. Сметаме дека е крајно време ваквите, особено етнички поделби, да не важат за институции како што е МВР“, истакна Исмаил на Комисијата за одбрана и безбедност.

Амандманот беше без никакво образложение одбиен од заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исиени, и останатите членови на Комисијата.

Од Левица реагираа на ова одбивање, посочувајќи дека новиот закон, наместо да го укине, само дополнително го зацврстува балансерот, што е пак спротивно на ветувањата и изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +