Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ултралесен авион се урна во Италија, двајца загинати

Тешка авионска несреќа се случи вчера во италијанската покраина Бреша, каде што се урна ултралесен авион. Двете лица во авионот за жал починаа на местото на настанот, објавува „Раињуз“.

Авионот се урна во Ацано Мела, во непосредна близина на сообраќајната раскрсница Корда Моле што ги поврзува автопатите А4 и А21. По неколку часа, властите успеаја да ги идентификуваат жртвите. Станува збор за 75-годишен маж од Милано и неговата 60-годишна партнерка. Според достапните информации, авионот полетал од Пјаченца.

Двајца возачи на автомобили исто така беа индиректно вклучени во несреќата. Авионот се запалил при ударот, а возачите во тој момент минувале покрај местото на несреќата и поминале со своите возила низ пламенот. Еден од возачите, 56-годишен маж, бил однесен во болницата Полиамбуланца во Бреша како мерка на претпазливост, иако се чини дека немал никакви повреди. Другиот возач, на возраст од 49 години, бил прегледан на местото на настанот и не му била потребна хоспитализација.

За да се утврдат сите околности што довеле до несреќата, обвинителството во Бреша побарало помош од воздухопловната полиција во Милано. Во тек е истрага, со цел да се разјасни точната динамика и причината за оваа трагична несреќа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Песков: Средба меѓу Путин и Зеленски пред крајот на август е малку веројатна

C +

Трагедија во Грција: бебе се задави со сувлаки – итно било префрлено во болница, но немало начин да се спаси

C +

Зеленски: Подготвени сме да купиме 10 системи „Патриот“, само треба да најдеме средства

C +