Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото AI / илустрација
СВЕТ

Драма на небото: Се запали Боинг 767 кратко по полетувањето, објавено е и видео

Како што јавуваат медиумите авион со над 200 патници се запалил кратко по полетувањето од аеродромот во Лос Анџелес.

Во авионот имало вкупно 226 патници и деветмина членови на екипажот.

Настанот се случил во петокот според локално време.

На социјалните мрежи се појави видео кое што покажува дека гори левиот мотор.

Авионот веднаш го прекина летот и се врати безбедно на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Компанијата Делта елајнс информираше дека пожарот е изгаснат и дека сите патници безбедно го напушиле леталото

Во тек е истрага за инцидентот.

Видеото може да се погледне тука.