11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија и Украина со жестоки меѓусебни напади изминатата вечер

Најмалку едно лице загина, а тројца беа повредени кога пожар зафати станбена зграда по рускиот напад со беспилотно летало врз Одеса синоќа.

– Непријателот изврши масовен напад врз Одеса со беспилотни летала. И покрај активната работа на нашите сили за воздушна одбрана, имаше штета на цивилната инфраструктура – изјави гувернерот на областа, Олех Кипер.

Државната служба за вонредни состојби објави дека како резултат на нападот, избувнал пожар од шестиот до деветтиот кат од деветкатната станбена зграда. Пожарот бил изгаснат од пожарникари заедно со волонтери.

Привремено сместување и помош беа обезбедени во локалната градинка, каде што беше формиран оперативниот штаб, изјави градоначалникот на Одеса, Хенадиј Труханов.

Од друга страна, украински беспилотни летала повторно ја нападнаа Москва. Градоначалникот Сергеј Собјанин, објави дека руските единици за воздушна одбрана пресретнале 13 дронови што летале кон Москва за помалку од два часа. Нема извештаи за жртви или материјална штета.

Повеќе од 50 возови се одложени, а железничкиот сообраќај е делумно запрен во Ростовскиот регион откако остатоци од беспилотно летало паднаа на пругата, соопштија Руските железници.

На патниците им е обезбедена вода, а во возовите што доцнат повеќе од четири часа, се обезбедуваат и оброци.

Во меѓувреме, инфраструктурата е проверена, а екипите почнаа со поправка на оштетената мрежа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +