Centar.mk
СВЕТ

Огномет на фестивал во Дизелдорф експлодирал во публиката – 19 повредени

Најмалку 19 лица се повредени, меѓу кои и едно дете, кога за време на традиционалниот огномет на фестивалот Рајнкирмис во Дизелдорф, едно пиротехничко средство експлодирало во публиката, соопштија локалните власти.

Четири лица се здобиле со тешки повреди, а најверојатно се работи за изгореници, пишува Билд.

Несреќата се случила синоќа, кога ракетата од огнометот „скршнала од патеката“ и експлодирала низокo над земја.

Еден од организаторите на фестивалот изјавил дека можно е да се превртела лансирната рампа, предизвикувајќи насочување на ракетите кон публиката.

Во моментот на експлозијата, на местото на настанот веќе биле присутни припадници на противпожарната служба, итната помош и полицијата, кои веднаш реагирале.

Саемот бил брзо затворен, а организаторите најавија дека ќе разгледаат дали огнометот ќе остане дел од фестивалската програма во иднина.

Полицијата спроведува истрага за причините на несреќата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руте по нападот со беспилотно летало во Романија: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија

C +

Светските залихи на нафта се топат, недостатокот и понатамошното зголемување на цените стануваат сè поверојатни

C +

Мајка и дете претрпеа изгореници додека бегаа од зградата во која удри руски дрон

C +