3. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во ЕУ минатата година речиси 27 проценти од возрасните не можеле да си дозволат една недела одмор подалеку од дома

Во Европската Унија минатата година, околу 27 проценти од населението на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела годишен одмор далеку од дома, објави денес Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека овој удел се намалил за 1,5 процентни поени во споредба со 2023 година и е значително помал, за 10,6 процентни поени, отколку пред десет години, во 2014 година.

Најголем удел од населението кое не можело да си дозволи една недела одмор е забележан во Романија (58,6 проценти), Грција (46) и Бугарија (41,4), пренесува Танјуг.

Спротивно на тоа, најмал број на споменати случаи е регистриран во Луксембург (8,9 проценти од луѓето), Шведска (11,6) и Холандија (13 проценти)./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

САД: Маж пукал во дете затоа што му ѕвонел на интерфонот

C +

Рутe: НАТО сериозно го сфаќа попречувањето на ГПС-сигналите, работиме на тоа да го спречиме

C +

Нов силен земјотрес во Авганистан

C +