27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Костовски: Извештајот во Европскиот Парламент е дефиниција за пораз на нашата дипломатија

Усвојувањето на извештајот во Европскиот парламент, каде што се иззема македонскиот јазик, е дефиниција за пораз на нашата дипломатија, истакна организациониот секретар на СДСМ Мартин Костовски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Костовски додаде дека и во минатото, во време на владеење на СДСМ имало плеада и канонада на напади од страна на држави на македонското прашање, меѓутоа со добра државничка дипломатија македонскиот јазик и македонскиот идентитет беа суштина, бит, во Европската Унија.
“Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден и овој извештај нема облигаторно дејство, ама преговарачката рамка каде што македонскиот јазик се зборува во Европската унија, каде што е потпишан договорот со Фронтекс, каде што идентитетот е бетониран, има обврзувачко дејство”, истакна Костовски.
Тој нагласи дека за осуда е секој еден член на европарламентот, кој користи таков вокабулар и епитети со навреда кон македонскиот јазик.

Во врска евроинтерграцискиот процес, Костовски рече дека за се што ќе може да биде дополбителна потврда за подобра позиција, СДСМ ќе поддржи и стои на располагање како државотворна и одговорна политика, и впрочем секогаш било така.

“Со внесувањето на Бугарите во Уставот еднаш засекогаш паѓа нивната теза дека сме еден народ, а две држави, со внесувањето во Уставот се потврдува дека сме различити народи и тука ја завршуваме големата приказна. Голема придобивка е што со тоа, еднаш засекогаш тие ќе бидат Бугари, ние Македонци, Македонци кои зборуваат македонски јазик, со свој идентитет”, истакна организациониот секретар на СДСМ Мартин Костовски.

Можеби ќе ве интересира

Растот на платите го надминува растот на цените – економијата се движи во позитивна насока, тврди министерката Кочоска

ДЕСК

Кочоска: Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, a потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК