На 04.07.2025 година во 15.26 часот во Полициската станица Кичево е пријавено дека на крстосница од улиците „Борис Кидрич“ и “Мирко Милески“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од лице (21) од село во кичевско, и мотоцикл „Хамачи“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Кичево.
По несреќата малолетникот кој што се здобил со тешки телесни повреди, им подлегнал на повредите на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош.
Извршен е увид од надлежен јавен обвинител од ОЈО Кичево и увидна екипа од ОВР Кичево.