Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Северна Македонија e меѓу првите држави во Европа кои го усвоија најновиот европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“, дел од европската регулатива European Health Data Space (EHDS)

На меѓународниот настан IHE-Europe Connectathon 2025 во Виена, националниот здравствен информатички систем „МојТермин“ успешно ги помина сите предвидени технички тестови, добивајќи највисока ознака за интероперабилност – Silver Industry Label, која го потврдува системот како технички усогласен со европските стандарди.
Преку новиот стандард „Жолто копче“, граѓаните ќе можат лесно, безбедно и транспарентно да пристапуваат до своите здравствени податоци, како што се општата здравствена состојба, медицински извештаи, алергии и нетолеранции, тековна терапија, дијагностички резултати, имунолошки статус и друго.

Овие податоци се прикажуваат во формат на International Patient Summary – еден вид „пасош за здравствените податоци“, универзално разбирлив и технички усогласен документ што ги собира најважните здравствени информации за пациентот.

Со ова, Северна Македонија уште еднаш се етаблира како земја-пионер во имплементација на европските здравствени дигитални стандарди, четири години пред нивната задолжителна примена во ЕУ (2029).

Претходно, земјата беше меѓу првите надвор од ЕУ што ги воведоа дигиталните COVID-сертификати и Smart Health Cards, благодарение на инфраструктурата на МојТермин.
Во согласност со планираните активности, новата функционалност ќе биде достапна за граѓаните преку „МојТермин“ до крајот на 2025 година, директно придонесувајќи за побезбедно управување со лични податоци, подобра грижа и полесна размена на здравствени информации во и надвор од земјата.

Можеби ќе ве интересира

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

ДЕСК

ПОЧНА ГЛАСАЊЕТО: Вкупно 4.826 болни или немоќни лица и 1256 затвореници можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори

ДЕСК

12 годишен битолчанец ограбил автобус со кој се возеле ексурзијанти од трето одделение – Украл лични работи на ученици и наставници, а потоа бил фатен

ДЕСК