Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
„Околу 13:00 часот по московско време, авион Су-34 се урна во регионот Нижни Новгород за време на планиран воена лет. Додека се приближуваше кон слетување, се појави дефект. Екипажот неколку пати се обиде да го поправи дефектот во лет, но ситуацијата не се промени. Затоа, го однесоа авионот на безбедно место и се катапултираа“, се вели во соопштението на министерството.
Авионот не носел муниција и паднал во ненаселена област.
Иако првичните извештаи покажаа дека двајцата членови на екипажот преживеале, рускиот медиум „Маш“ подоцна објави дека еден од членовите на екипажот починал од повредите. Според извештаите, тој паднал на дрво откако се катапултирал.
Канал на Телеграм поврзан со руските воздухопловни сили, исто така ја објави несреќата. „Денес, авион Су-34 се урна во регионот Нижни Новгород. Навигаторот почина. Да леташ засекогаш, брате“, напиша каналот, објавувајќи видео од последните моменти пред падот на авионот./Извор:Makfax