18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го поддржаа обновувањето на секторските санкции против Русија за уште шест месеци, до јануари 2026 година.

Рокот за продолжување на секторските санкции е 31 јули, а овој договор еден месец пред рокот е доста изненадувачки, со што се избегнува нова драма со Унгарија, која постојано се заканува дека ќе одбие да даде согласност без што нема продолжување на санкциите, пишуваат медиумите во регионот.

Според анализите, санкциите на ЕУ мора да се обновуваат на секои шест месеци. Постојат две групи санкции, секторски како што се забрана за извоз на разни производи во Русија и список на лица и компании на кои им е забранет влез и замрзнати средства.

Секторските санкции се обновуваат во јануари и јули, а списокот на лица и компании во март и септември.

Од друга страна, сè уште нема договор за најновиот, 18-ти предлог за санкции против Русија, на кој Словачка и Унгарија се спротивставуваат. Двете земји бараат да им се дозволи да продолжат да купуваат руски гас и нафта.

Комисијата неодамна предложи ЕУ дефинитивно да се ослободи од зависноста од руските фосилни горива до крајот на 2027 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Моќно зголемување на платите во Германија: Милони работници ќе ги добијат парите во следните недели

ДЕСК

Девет загинати во руските напади врз Украина ноќеска, меѓу нив и деца

C +

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

C +