Градоначалникот Горан Герасимовски, вчера се сретна со центарци кои живеат околу Клиничкиот центар кадешто разговараа за проектите што се имплементирани и се дискутираше како да им се помогне со предизвиците со кои се соочуваат во нивната населба.
„На детското игралиште пред само неколку денови поставивме кош за да може децата да си играат, а во следните денови ќе поставиме и нова ограда на игралиштето. Ова го побараа од мене жителите кои живеат на ул. „50 Дивизија“ и општинските служби веќе работат на ова. Хигиената е проблем не само во Центар, туку и во целиот град. Неажурноста на Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ го преплави Скопје во смет, но нашите хигиеничари се секој ден на терен чистејќи во сметот од центарските улици, а за непостапувањето на градот спремаме и кривични пријави“, рече Герасимовски.
Жителите упатија благодарност до општината поради тоа што Центар навечер е осветлен за разлика од другите скопски општини. Герасимовски, истакна дека во изминатиот период е поставено ново СМАРТ осветлување со инсталирање на 4000 ЛЕД светилки со автоматско прилагодување, со што постигната е 70% помала потрошувачка на енергија и над 75% пониски трошоци за одржување.
Караванот „Се гледаме во маало“ денеска продолжува кај Градски ѕид (Пролазот кај Ескимо) од 18:30 до 20:00 часот.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...