Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Нови кошаркарски табли, детски реквизити, канти и клупи на повеќе локации во Центар

Општина Центар продолжува со уредување на јавниот простор и подобрување на условите за рекреација и игра на центарци. Во изминативе денови, поставени се нови детски реквизити и урбана опрема од канти и клупи на неколку локации низ општината.

Во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се поставени нови детски реквизити, нови кошаркарски табли, клупи и канти, обезбедувајќи безбедно и пријатно катче за игра и спорт за учениците и децата од околината. Во населеното место Мало Курило е уредено детското игралиште со нови реквизити и опрема. Нови табли за баскет се поставени во населбата Пролет, на спортското игралиште кај Зеленото пазарче и на детското игралиште близу Градската болница кај поранешен Јукан, кадешто покрај кошаркарска табла поставени се и нови реквизити за игра.

„Како локална самоуправа вложуваме во простори кои го поттикнуваат здравиот развој на децата и младите, но и создаваат услови за дружење и активен живот во заедницата. Со овие мали, но значајни интервенции, покажуваме дека грижата за секој дел од Центар е приоритет“, вели Герасимовски.

Општина Центар останува посветена на создавање безбедни и модерни јавни површини кои ќе служат на центарци од сите генерации.

Можеби ќе ве интересира

орѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ

ДЕСК

Одржана четвртата седница на советот за превенција во Општина Илинден

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК