Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Димитријевиќ: За една година ВМРО-ДПМНЕ ја понижи, осиромаши и изолира Македонија

По една година од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ветената горда Македонија е само празен слоган во еден докажано лажен ПР-наратив на ВМРО-ДПМНЕ, гол, популистички памфлет зад кој се крие суровата реалност на нашата држава – Македонија е понижена, порача генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, на денешната трибина во организација на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Димитријевиќ во своето обраќање посочи дека за една година колку што ВМРО-ДПМНЕ е на власт, работниците се понижени работници, граѓаните осиромашени, економијата задолжена, се случија еколошки катастрофи, институциите се партизирани институции, правдата е селективна, на улиците се случуваат секојдневни пресметки, има политички реваншизам, нарушен е соживотот, а државата е изолирана. ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа Димитријевиќ, со лаги дојдоа на власт, со лаги владеат цела година.

„Ветуваа дека работниците ќе бидат горди со европски плати. Но, за една година работниците не само што не се горди, туку нивниот труд е понижен како никогаш во историјата на нашата држава. Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата. Со бедни 360 евра минимална плата, македонскиот работник е второ најсиромашен во Европа. Животниот стандард е на дното. Не употребија ниту еден механизам за ставање под контрола на цените кои вртоглаво растат на дневно ниво, а платите стагнираат“, рече Димитријевиќ.

Тој потенцираше дека на ВМРО-ДПМНЕ им е поважен сопствениот комодитет и луксуз, па затоа и велат дека државата напредува, што е далеку од реалната катастрофална состојба во државата

„Лесно им е од нивна перспектива да нè убедуваат дека државата оди напред и дека добро се живее, дека сме биле четврта економија во Европа. А реалноста е погубна – БДП кое расте само на хартија, сиромашни граѓани со долгови, закочени капитални инвестиции, скапи задолжувања со заеми кои ја туркаат државата во должничко ропство“, рече Димитријевиќ.

Говорејќи за лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ, Димитријевиќ нагласи дека за една година ВМРО-ДПМНЕ уништи сè што беше изградено и во секоја област во државата се случува распад

„Наместо ефикасна администрација – за една година, имаме гломазно партизирана администрација, со нови министерства за партиски вработувања. Во образованието, наместо револуција како што ветуваа, донесоа хаос. Наставниците демотивирани и понижени, децата збунети, реформите запрени. Во надворешната политика – евроинтеграцискиот процес е закочен. Свесно ја ризикуваат иднината на цели генерации. Сè е разорено, деградирано и претворено во политички инструмент за лични интереси“, рече Димитријевиќ, додавајќи дека СДСМ како вистинска државотворна партија нема да отстапи од борбата да ја вратиме државата на вистинскиот пат.

error: Соддржината е заштитена.