Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Заев до Ципрас: Нека е честита седумгодишнината од Преспанскиот договор

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев упатил честитка до Алексис Ципрас по повод седумгодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа.

Како што дознава Рацин.мк, Заев во честитката порачува дека благодарение на тој договор денес е изградено трајно пријателство помеѓу двата народи и двете држави.

„Драг Алексис, во ова време на војни и хаотичен свет, сè повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу соседните земји Северна Македонија и Грција, но и да оставиме исклучително позитивна трага на Балканот, во Европа и во светот – дека договори можат да се постигнат по дипломатски пат, дури и за најтешките прашања меѓу државите. Нека е честита седумгодишнината од Договорот од Преспа“ порачал Заев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

ДЕСК

Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

ДЕСК

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.