Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иранците масовно бегаат од Техеран: „Ова не е моја војна“

По израелските напади врз Техеран вчера, многу жители се обидуваат да избегаат од градот и да побараат засолниште во пооддалечени области. Продавниците се затворија една по друга, а на бензинските пумпи се формираа долги редици, јавува дописникот на Би-би-си од Иран.

Додека многумина се обидуваат да избегаат, многумина не можат да ја напуштат покраината поради густиот сообраќај. „Мислам дека сè уште не сум разбрал целосно дека живеам во активна воена зона. Ова не е моја војна. Не поддржувам ниту една страна, само сакам да преживеам со моето семејство“, рече еден жител кој успеа да избега.

Иранската новинска агенција ИРНА, исто така, објави фотографија од воздух на која се гледа голем конвој автомобили кои се обидуваат да го напуштат Техеран.

„Техеран очигледно не е безбеден. Не добиваме никакви предупредувања или аларми од властите. Само слушаме експлозии и се надеваме дека нашиот дом нема да биде погоден. Но, каде можеме да одиме? Никаде не е безбедно“, рече друг жител.

„Луѓето се обидуваат да избегаат – на еден или друг начин“, додаде друг. Според извештајот на Би-би-си, Иранците се организираат во групи на апликации за пораки – иако многу од нив се забранети во Иран – и организираат заеднички патувања и разменуваат предупредувања за опасни подрачја додека го напуштаат градот./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.