8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Николов: Кривичната пријава е политички притисок, Росоман ја водам чесно и транспарентно

Градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, денеска на прес-конференција остро ги демантираше наводите од кривичната пријава поднесена од Управата за финансова полиција, оценувајќи ја постапката како политички мотивирана и временски насочена кон претстојните локални избори.

„Зарем им беа потребни девет месеци за да поднесат кривична пријава, и тоа само неколку месеци пред изборите?“, праша Николов, додавајќи: „Дали ова има некаква друга позадина, со оглед на тоа што во политички кулоари веќе се зборуваше дека ќе биде поднесена пријава токму против мене?“

Во однос на наводите за злоупотреба на 35 милиони денари, Николов истакна дека станува збор за целосно реализирани проекти кои граѓаните веќе ги користат. „Тоа се реконструкции на улица во Росоман и паркови во три населени места. Општината немаше никаков допир со јавните набавки, ниту со плаќањето, ниту со надзорот – сè беше спроведено од централната власт“, нагласи тој.

За обвинувањата за фалсификување на градежни дозволи, Николов беше дециден: „Ниту досега, ниту отсега ќе фалсификувам документи. Росоман ја раководам одговорно и чесно.“

Тој ги отфрли и наводите за злоупотреба на средства за репрезентации и гориво, објаснувајќи дека сите трошоци се предвидени со буџетот, ребалансите и завршните сметки и се наменети исклучиво за активности на општината. „Сите овие ставки се искористени за настани како ‘Духовден фест’, ‘17 Декември’ во црквата ‘Света Троица’, и акцијата за Клепа“, изјави тој.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје – Најголемиот и најдобро организиран меѓународен настан во историјата на нашата држава

ДЕСК

20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, соопшти ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДС и ДУИ

ДЕСК