Centar.mk
БИЗНИС

Инфлацијата е 4 отсто, цените на мало пораснале за 4,1% овој септември во споредба со ланскиот

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, изнесува -0.2 %, соопшти Државниот Завод за Статистика.

Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни стоки и услуги за 0.2 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.1 %.

Во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2.8 %, Комуникации за 1.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.8 %, Здравје за 0.4 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %.

Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува 99.3.

Индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.1 %.

Можеби ќе ве интересира

29.990 ДОЛАРИ ЗА ВОЗИЛОТО, УШТЕ 299 МЕСЕЧНО – Tesla отвори ограничени нарачки за Cybercab

ДЕСК

NASDAQ ЗАВРШИ ВО МИНУС, DOW ОСТАНА ВО ПЛУС – Технологијата го повлече Волстрит во петокот

ДЕСК

БРЕНТОТ НА 95,84 ДОЛАРИ, АМЕРИКАНСКИОТ ГАС ПАДНА – Како енергенсите ја завршија неделата?

ДЕСК