Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Поентата е јасна – просторот околу Собранието станува строго регулирана безбедносна зона каде што повеќе нема да може да се гради

ФБ сататус на пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски:

Денес присуствував на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност, каде се разгледуваше Предлог-закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона.

Со овој закон се предвидува:
• Забрана за продажба на земјиштето во таа зона.
• Автоматско укинување на веќе издадени одобренија за градба во моментот на стапување на законот во сила.
• Земјиштето кое претходно било продадено ќе се врати во владение на државата.

Поентата е јасна – просторот околу Собранието станува строго регулирана безбедносна зона каде што повеќе нема да може да се гради.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Договор има, Мицкоски за пари прифаќа мигранти!

C +

ВМРО-ДПМНЕ: Мигранти во Македонија нема да има, СДС како расипана плоча, растура пердуви во јавноста

C +

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

C +
error: Соддржината е заштитена.