9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Селективната правда го разорува демократскиот поредок

ДУИ: Селективната правда го разорува демократскиот поредок.

Интегрален текст од денешното соопштние на ДУИ:

Никогаш досега правдата не била толку понижена и ставена под целосна команда на политичката власт.

Случајот во Кочани и тишината околу урбаната катастрофа во Чаир се живи докази дека Јавното обвинителство е претворено во покорна алатка на извршната власт.

Во Кочани, по трагедија што го потресе целото општество, истрагата е затворена без ниту еден партиски функционер да биде повикан како осомничен иако е јасно за секој граѓанин дека одговорноста е директна и лежи врз Министерството за внатрешни работи и надлежните институции.

Молкот на обвинителството е форма на политичка амнестија и навреда за жртвите и нивните семејства.

Во Чаир, во реално време се случува урбан криминал.
Повеќе од 150 бесправни градби без статички проекти, без сеизмичка проценка, со нелегално поврзување на струја и без пристап за пожарна или брза помош се живи закани за илјадници граѓани.

Луѓето што купиле станови таму не можат да спијат мирно поради страв за животите на своите деца и семејства..

Ова веќе не е селективна правда ова е укината правда, диригирана, контролирана, и свесно насочена против интересот на граѓаните.

А кога правдата молчи таму каде што треба да зборува, таа станува соучесник на криминалот.

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК