Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина в понеделник

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина е планирана за понеделник, 2 јуни, во Истанбул.

Москва објави дека ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, кој ги вклучува сите аспекти на решението за причините за конфликтот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека ниту Киев ниту Анкара, како посредник во преговорите, не добиле никакви документи од Москва за подготовка за следната рунда преговори, најавена за в понеделник.

Украина инсистира Русија да го предаде својот нацрт-меморандум пред состанокот следната недела, поради загриженоста дека содржи услови неприфатливи за Киев, што Москва одби да го стори.

Русија објави дека во Истанбул ќе биде претставена од истата делегација како и во првата рунда преговори, предводена од помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински.

Првата средба на претставници на Москва и Киев во последните три години се одржа на 16 мај во Истанбул.

Страните се согласија да спроведат голема размена на затвореници – 1.000 за 1.000, што оттогаш е спроведено, како и да презентираат визија за можноста за идно примирје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Крај на краткорочните изнајмувања станови за туристи во Шпанија, Airbnb казнет

C +

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

C +

Американците нападнаа три пловила во Пацификот: Дали ова е вовед во нападите врз Венецуела?

C +
error: Соддржината е заштитена.