8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Холандија ги испорача последните 24 авиони Ф-16 на Украина

Министерството за одбрана на Холандија објави дека последните 24 борбени авиони Ф-16 се испорачани во Украина, со што е завршена испораката на овој вид воена помош од страна на Холандија.

Последните холандски авиони Ф-16 наменети за Украина ја напуштија воздухопловната база Волкел на југот на Холандија во понеделник и се упатија кон Белгија, каде што ќе бидат технички подготвени за конечна испорака. На испраќањето на авионите присуствуваше и претставник на холандското Министерство за одбрана, Рубен Брекелманс.

„Ф-16-се од клучно значење за Украина поради секојдневните руски воздушни напади. Тие ни овозможуваат да ја држиме руската агресија подалеку од нас“, рече Брекелманс.

Покрај испораката на авионите, Холандија помага во одржувањето на нивната борбена готовност и учествува во организирањето на обука на пилоти во Европскиот центар за обука за летање (EFTC) во Романија.

Украина ја прими првата пратка холандски авиони Ф-16 во октомври 2024 година, а втората во февруари 2025 година. Претседателот Володимир Зеленски во март објави дека пристигнала уште една пратка од Холандија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

C +

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

C +

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

C +