8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Реализацијата на капиталните инвестиции се само околу 20%, власта нема капацитет

Во своето гостување во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше неспособноста на Владата да ги реализира капиталните инвестиции од државниот буџет.

„Ние имаме околу милијарда евра наши домашни пари во буџетот коишто се на располагање за капитални инвестиции. До сега има реализирано оваа година 2025 веќе сме половина година скоро, помалку од 20 проценти од капиталните инвестиции“, рече Филипче.
Тој предупреди дека државата нема капацитет да ги искористи овие средства, и покрај тоа што тие не носат дополнителни трошоци. „Ако ние не можеме да реализираме 1 милијарда евра наши домашни пари за коишто не плаќаме никакви камати, зошто се посега по таков механизам којшто може само да ни наметне плаќање на непотребни камати, а ние немаме капацитет да ги изреализираме сите тие проекти“, истакна Филипче.

Филипче ја оцени владиниот ПР како целосно одвоен од реалноста: „Ако кога ја слушате владата и нивниот ПР во државата се е розево – се живее одлично, цветат странските инвестиции, ние сме горди пред Европа итн. За жал, тоа не е реалноста“, рече Филипче. Според него, „вистината е дека граѓаните секој ден се полошо живеат, платите стагнираат, цените растат, капиталните инвестиции никако не се реализираат“, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК