15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: Прво не задолжуваат, па после ќе ни кажат колку ќе треба да враќаме

Во своето гостување во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека неговата партија покажува разумен и конструктивен пристап кон сите клучни државни прашања, но инсистира на транспарентност и отчетност во процесите на одлучување.

„Имаме разумен пристап кон сите прашања и сметам дека нашите аргументи, нашите прашања се навистина издржани“, истакна Филипче. Тој додаде дека СДСМ не се противи на иницијативи што се логични и отворени: „Не би се противеле на нешто што е логично, нешто што е издржано, нешто што е отворено или нешто што е транспарентно“, рече Филипче.

Сепак, предупреди дека во случајот со новото задолжување, клучните информации недостасуваат и јавноста е оставена во темнина. „Нашите прашања се логични. Не може да зајмите пари и да не знаеме од кого позајмуваме или што правиме – тоа е како јас да одам со вашата лична карта во банка и да земам кредит на ваше име и вие утре да дознаете дека имате кредит којшто не знаете под кои услови, каква ќе е каматата, ќе го плаќате, и тоа е кривично дело“, рече Филипче.

„А во нашиот политички свет тоа е очигледно бизнис“, додаде тој, алудирајќи на праксите што според него стануваат норма во актуелното владеење.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК